16.2 C
Shtip
spot_img

Преку месноста Струмина Чешма, се поврзуваат населбата Суитлак и село Љуботен

Започнаа градежните активности на терен за асфалтирање на крак кој ќе ја поврзе населбата Суитлак преку Струмина Чешма со село Љуботен. Во прва фаза со еден милион денари пари издвоени од Буџетот на Општина Штип, ќе се работи на асфалтирање на улицата на која се наоѓаат неколку викенд куќи.

„Во прва фаза наредните неколку денови ќе се работи на еден крак, асфалтирање на еден крак кој води до Струмина чешма, викенд населбата Суитлак. Инвестицијата е на Оптшина Штип, нешто повеќе од еден милион денари се одвоени за асфалтирање на оваа улица која опфаќа неколку викенд куќи“ – вели Јорданов.

Втората фаза од проектот опфаќа поврзување на селото Љуботен со крак од кај медицинското училиште во Штип. Во наредниот период со забрзана динамика ќе се работи на патен правец во должина од три километри, кој ќе биде асфалтиран, соодветно уреден, осветлен и достапен за корситење.

„Овде во втора фаза заедно со кракот од СОУ „Јане Сандански“ започнуваме со еден проект за поврзување на Љуботен, Струмина чешма од два крака, од викенд населбата Суитлак и од населбата веднаш до медицинското училиште. Повеќе од три километри е патниот правец кој ќе води до Љуботен, една зона која најчесто се користи во овој момент за рекреација, но освен ова перспективно ќе се користи и како сообраќајница имајќи во предвид дека ќе биде едно побрзо поврзување на Општина Штип“ – додава Јорданов.

Во меѓувреме се работи на неколку локации во Штип, во повеќе населни места, со цел подобрување на патната инфраструктура и изгледот на градот, но и подобрување на условите за граѓаните.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img