26.6 C
Shtip
spot_img

Прада го купи Версаче за 1,25 милијарди евра

После месеци шпекулации за потенцијален договор за комбинирање на двете италијански модни куќи, Прада го купи Версаче од модниот конгломерат Капри Холдингс.

Првичниот договор бил за 1,43 милиони евра, но добиле попуст заради лошата состојба на пазарот што особено ѝ наштети на модната индустрија.

Капри инаку ги поседува и Мајкл Корс и Џими Чу, а Версаче го купи за 2,1 милијарда во 2018. Нив пак (Капри) сакале да ги купат од Тапестри – компанија што ги држи Коуч и Кејт Спејд, но ова било блокиранo од американската федерална комисија за трговија.

Извршниот директор на Прада, Патрицио Бертели вели дека групацијата била спремна „да испише нова страница во историјата на Версаче“ со вредностите кои двата бренда ги споделуваат – посветеност на креативност, занаетчиство и наследство.

На Прада не им е прв пат – во 1999 ги купија Џил Сандер и Хелмут Ланг, во 2000 – Алаја. Во 2007 сепак беа принудени да се збогуваат со сите три, па сега со Версаче ќе се обидат да го интензивираат глобалното влијание на модата.

Иако е климав модниот пазар, Прада ужива редок успех – заработката во 2024 им беше 5,4 милијарди евра, 17% повисока од претходната година. Зголемувањето делумно се должи на Миу Миу што речиси двојно го зголеми профитот минатата година.

━ повеќе содржини

Фудбалска “бомба” во Штип!

Матеј Ангелов е нов играч на Брегалница! Тој е повратник во плавиот дрес, со оглед на фактот дека кариерата ја започна во својата матична...

После 30 години од смртта на Tupac, ново судско рочиште за утврдување на вина

Во пресрет на судењето на Дуан Кеф Д. Дејвис, закажано за 10 август, деталите за пукањето во Лас Вегас во 1996 година, во кое...

Се снима “Мравки” – нов Македонски игран филм!

Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на...

Село Љуботен на големо се спрема за претстојниот голем празник Св.Петка!

Наближува летна Света Петка, а селото Љуботен ги прави последните подготовки за еден од најголемите духовни празници во годината. И годинава, манастирот на Светата...

Штипските Соколи годинава ќе “летаат” во Супер лигата?

Низа перипетии и нејаснотии ја тресат Македонската кошаркарска федерација деновиве. Имено, после истекување на рокот за подмирување на долговите и уплата на аконтација за...
spot_img