35.1 C
Shtip
spot_img

Пеце Ристевски е нов директор на Центарот за култура во Штип

Актерот од Народниот театар Штип (НТШ), Пеце Ристевски е назначен за в.д директор на Националната установa Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Ристевски дипломирал во 2003 година на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто Сарафов“ – Софија.

На штипската и македонската јавност е познат по многубројните улоги кои ги има играно во театарските претстави на НТШ.

Тој доаѓа на местото на Филип Стевановски, кој загина во несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како член на групата ДНК. Стевановски функцијата директор ја извршуваше неполни два месеца.

━ повеќе содржини

Пијте многу вода, не излегувајте од 11 до 17 часот, носете лесна облека!

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, бидејќи, според најавите, топлотниот бран ќе трае најмалку...

Во сабота во Штип: Прволигашки фудбал под рефлектори!

ФК Брегалница сезонава својот прв домашен натпревар во првата Македонска фудбалска лига ќе го одигра во вечерен термин, под рефлектори. Натпреварот е закажан во...

Директорот на КБ Штип вети одговорност ако се докаже докторска грешка, ДСЗИ од денес со вонреден надзор

"Во врска со информациите и коментарите кои се појавија на социјалните мрежи во однос на пациентка која по извршен царски рез развила невролошки симптоми,...

Ефтимова: “Очекуваме штетата за болницата од невремето да биде неколку милиони денари”

Првична процена на штетата во Клиничката болница Штип е неколку милиони денари, но чекаме извештај од осигурителната компанија – изјави денеска заменик-директорката на штипската...

Двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ административно се спојуваат во една јавна установа

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и...
spot_img