29.4 C
Shtip
spot_img

Нови Детали: На ниту една трага од службениот автомобил нема ДНК од Данка

Српскиот портал „Нова.рс“ известиле дека досега се извештачени повеќе од 400 траги пронајдени во службеното возило за кое постои сомнеж дека било управувано од страна на Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ во моментот кога, според признание, го удриле девојчето. Пред неколку денови во обвинителството пристигнале и нови резултати од вештачењето.

„Од внатрешната страна на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека на ниту една од трагите не се наоѓа ДНК од Данка Илиќ, како ниту во самиот автомобил, ниту пак на надворешните делови од возилото“, дознава „Нова.рс“ од Вишото јавно обвинителство.

Да потсетиме, осомничените работници на борската фирма „Водовод“, Јанковиќ и Драгијевиќ на 26 март биле на работна задача кога во Бањско поле исчезнала двегодишната Данка. Според признанието на Драгијевиќ, тие го удриле девојчето со службеното возило, ја задавиле и фрлиле на дива депонија на патот Старобањска, од каде два дена подоцна Дејан со неговиот татко (73) и сега веќе починат брат Далибор (40), наводно ја преместил на друга, сè уште непозната локација.

Полицијата уште трага по нејзиното тело.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img