17 C
Shtip
spot_img

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk

Македонските ентузијасти и истражувачи на птици ќе имаат ново виртуелно место каде ќе можат да учат и споделуваат знаења за видовите птици.

Неколку десетици граѓани, вљубеници во природата и птиците се собраа вчера во Нетавил во Скопје на промоцијата за новиот сајт за прибирање податоци за птици „ptici.mk“.

На настанот, своја презентација имаше заменик-директорот на Македонското еколошко друштво, орнитологот Методија Велевски, кој раскажа за идејата и процесот на создавање на оваа платформа, прва од својот вид во Македонија, а објасни и како граѓаните може да внесуваат податоци на платформата.

Настанот беше одлична можност за македонските истражувачи на птици – професионалци и аматери да се соберат на едно место и да ги споделат своите искуства, знаења, а секако и да ги кажат своите предлози за идни подобрувања на платформата за птици.

„ptici.mk е замислена како платформа за поддршка на растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, со што се придонесува кон унапредување на граѓанската наука. Апликацијата бара основно предзнаење во препознавање на птици, но е доволно лесна да ги предизвика и почетниците набљудувачи да ја користат, учат и да ги забележуваат птиците кои се наоѓаат околу нив” – изјави Данка Узунова, орнитолог и проектен координатор во МЕД.

Платформата континуирано се надградува – во моментов се состои од динамичен веб сајт на кој се прикажуваат наодите на птиците, и Android апликација за собирање на податоци. За во блиска иднина е предвидена и апликација за iOS, но приоритетот ни е овозможување целосна функционалност на Android апликацијата, која во овој момент може да се преземе само од овој сајт, но набрзо ќе се најде и на Google Play.

Платформата е одржувана од Македонското еколошко друштво, преку поддршка од Sigrid Rausing Trust и проектот „Подобрување на можностите на Европскиот портал за птици за унапредување на придонесот кон политиките на ЕУ изнесени во Директивата за птици и 2030 Стратегијата за биолошка разновидност (LIFE22-PLP-ES-EBP reinforcement)” финансиран од Европската Унија.

━ повеќе содржини

Топ 10 компании со најголеми добивки во Штип за 2025 година

Езимит Капитал, дел од бизнис-групацијата Езимит, поврзана со инвестиции и винскиот бизнис, е компанијата со најголема остварена добивка од Штип за 2025. Фирмата на...

FoxTv дава 50.000 долари за навивач кој ќе ги гледа сите натпревари од фудбалскиот мундијал

Fox Sports, која со голема еуфорија влегува во проектот за Светското првенство и веќе го ангажираше Златан Ибрахимовиќ како стручен консултант, нуди 50.000 долари...

Фестивал на улична храна – 15 до 17 мај во Штип!

Подготовките на второто издание на Shtip Street Food Festival се во полн ек. Пријавувањето на учесниците е затворено, а организаторите најавуваат огромна палета на...

Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден?

Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња за на влезна врата или за на глава за...

Глобалната прослава за 100 години Ducati и во Македонија

На 9 мај 2026 година, љубителите на Ducati ширум светот ќе се обединат во рамки на традиционалниот настан We Ride As One, глобална парада која секоја...
spot_img