35.1 C
Shtip
spot_img

ЛИДЛ вработува! Отворени огласи за атрактивни позиции

Заменик-менаџер на маркет (повеќе градови)

Твои задачи:
• Водење на вработените во отсуство на Менаџерот на маркет
• Организација на текот на работа, делегирање задачи и спроведување на контрола
• Креирање позитивна и мотивирачка работна атмосфера и соработка
• Одржување на свежина, контрола на квалитет и редовна ротација на производи
• Обработка на барања и поплаки од потрошувачи
• Обезбедување достапност на залихи и управување со залихите
• Спроведување на промени на цени и попусти и управување со готовина
• Усогласеност со важечките закони и интерните регулативи

Твој профил
• Завршено средно образование
• Претходно работно искуство во малопродажба е предност
• Одлични организациски и комуникациски вештини
• Способност за работа во динамично опкружување
• Ориентираност кон резултати и решавање на проблеми
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
• Подготвеност за обука и работа во странство во период од максимум 6 месеци

Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени

* Оваа позиција вклучува обука во странство во период од максимум 6 месеци

* Аплицирај со прикачување на твоето CV на македонски на линкот за апликација.

Начин на аплицирање:

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Твојата апликација ќе биде внимателно разгледана.

Твоето CV ќе биде зачувано во нашата база на податоци 1 година и по истекот на тој период истото ќе биде избришано. Ние ги чуваме податоците во овој временски период во случај да имаме друга работна позиција која би можеле да ти ја понудиме.

Во меѓувреме, доколку решиш да ја повлечеш својата апликација, можеш да го сториш тоа доколку ни испратиш маил на jobs@lidl.mk и ние веднаш ќе ја избришеме истата.

Со поднесување на твоето CV или кој било друг документ или апликација за работа, експлицитно се согласуваш дека можеме да ги обработуваме твоите лични податоци за целите на процесот на регрутација. Повеќе информации за начинот на кој ги обработуваме твоите лични податоци и други релевантни информации се дадени во нашата Политика за приватност која се наоѓа на следниот линк: https://jobs.lidl.mk/mk/privacy-policy

━ повеќе содржини

Пијте многу вода, не излегувајте од 11 до 17 часот, носете лесна облека!

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, бидејќи, според најавите, топлотниот бран ќе трае најмалку...

Во сабота во Штип: Прволигашки фудбал под рефлектори!

ФК Брегалница сезонава својот прв домашен натпревар во првата Македонска фудбалска лига ќе го одигра во вечерен термин, под рефлектори. Натпреварот е закажан во...

Директорот на КБ Штип вети одговорност ако се докаже докторска грешка, ДСЗИ од денес со вонреден надзор

"Во врска со информациите и коментарите кои се појавија на социјалните мрежи во однос на пациентка која по извршен царски рез развила невролошки симптоми,...

Ефтимова: “Очекуваме штетата за болницата од невремето да биде неколку милиони денари”

Првична процена на штетата во Клиничката болница Штип е неколку милиони денари, но чекаме извештај од осигурителната компанија – изјави денеска заменик-директорката на штипската...

Двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ административно се спојуваат во една јавна установа

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и...
spot_img