11.6 C
Shtip
spot_img

Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година

Во 2026-та нè очекуваат дури 7 до 10 продолжени викенди, па ќе имате многу за планирање.

Доколку и вие со нетрпение чекате да видите кои денови се неработни во 2026-та, календарот со празници конечно пристигна.

Програмата за неработни денови и државни празници во 2026 година ќе ви овозможи со време да си ги испланирате викендите.

Во 2026-та година ќе има вкупно 7 продолжени викенди за сите граѓани, а за граѓаните од православна вероисповед има дополнително уште три, односно вкупно 10.

Во продолжение следува листата со неработни денови и државни празници во 2025 година:

За сите граѓани:

  • 01 јануари (четврток), Нова година
  • 07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 13 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 01 Мај (петок), Ден на трудот
  • 24 Мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, неработен ден е 25 мај (понеделник)
  • 02 Август (недела), Ден на Републиката, односно неработен ден е 3 август (понеделник)
  • 8 Септември (вторник), Ден на независноста
  • 11 Октомври (недела), Ден на народното востание, односно неработен ден е 12 октомври (понеделник)
  • 23 Октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (вторник), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ
  • 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
  • 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 6 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

  • 27 јануари (вторник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

  • 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

  • 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците 

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

  • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик  

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img