Повратникот Иван Глигоров е најновата аквизиција на штипска Брегалница. Глигоров ќе ги засили офанзивните редови на “сините’ и секако ќе биде од голема помош во остварување на целите во новата сезона во која ФК Брегалница ќе се натпреварува во првата македонска фудбалска лига.
Глигоров беше најдобар стрелец на ГФК Охрид, од каде доаѓа во Брегалница. Во кариерата уште настапуваше во ИМС Академија од Италија, подмладокот на Национал од Португалија, Охрид, Арсими и Брегалница. Тој има 22 години и настапува на сите офанзивни позиции во тимот.
Глигоров е седмо засилување на Брегалница, досега пристигнаа голманите Миленковски и Јашар, Дарко Стојанов, Мартин Стојанов, Кристијан Стојкоски и Филип Алексовски.







