12.4 C
Shtip
spot_img

Во сабота, ФК Брегалница го игра еден од најважните натпревари оваа сезона!

Фудбалскиот клуб Брегалница на големо се спрема и го очекува саботниот дуел против струмичка Беласица, кој според сите анализи е еден од најважните оваа сезона. Со евентуална победа, штипските сини ќе направат значителен исчекор кон осигурување на првата позиција на второлигашката табела која директно води во прва лига.

Натпреварот се игра на стадионот Младост во Струмица во сабота (02.05.2026) со почеток од 16:00 часот. После овој меч, на Брегалница и преостануваат за одигрување уште 3 кола, и тоа против Шкендија Арачиново во Штип, против Осогово во Кочани и последното коло против Победа во Штип.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img