16 C
Shtip
spot_img

Бесплатен Wi-Fi во паркот К’ртеќе и Дино Паркот во Штип!

Граѓаните и посетителите на град Штип од сега ќе можат бесплатно да користат јавен Wi-Fi интернет на две локации – Парк К’ртеќе и Дино Парк.
Општина Штип информира дека бесплатната интернет мрежа е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се реализира преку GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Со воведувањето на бесплатниот јавен интернет, граѓаните ќе добијат полесен и побрз пристап до дигитални услуги, информации и комуникација во јавните простори, додека посетителите ќе можат непречено да користат интернет за време на престојот во градот.
Проектот е дел од пошироките активности за дигитализација и подобрување на јавната инфраструктура во локалните заедници.

━ повеќе содржини

Во сабота, ФК Брегалница го игра еден од најважните натпревари оваа сезона!

Фудбалскиот клуб Брегалница на големо се спрема и го очекува саботниот дуел против струмичка Беласица, кој според сите анализи е еден од најважните оваа...

Крај на енормно високите цени на лежалки во Грција летово!

Грција задава силен удар на неконтролираната комерцијализација на морето, воведувајќи „црвена зона“ за дури 251 плажа низ земјата. Според новите, драстично построги правила, овие...

ВО МАКЕДОНИЈА ДОМИНИРААТ СТАРИ АВТОМОБИЛИ: ПОВЕЌЕТО ВОЗИЛА СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2010 ГОДИНА!

На патиштата низ земјава доминираат постари патнички возила, при што значителен дел од автомобилите во Македонија се произведени пред 2010 година, покажуваат податоците за...

Се повреди Лозано – го чека долга рехабилитација

На пејачот Влатко Лозаноски – Лозано од пред една година животот му е посветен на синчето Марко кое е неговиот фокус. Сепак, на тато Лозано...

Се стопли времето – познатите Македонки ја кренаа температурата уше повеќе со провокативни фотки на социјалните мрежи

Фолк-пејачката Елена Велевска ја крена температурата со фото во сино бикини, а со малку исплазениот јазик и насмевка  ја „разбуди“ мрежата каде што се...
spot_img