24.1 C
Shtip
spot_img

Јадејќи гумени бонбони Харибо, дете паднало во безсознание

Дете паднало во кома откако јадело гумени бонбони „Харибо“ за кои се покажа дека содржат канабис, потврди болницата Зикенхуисгроеп Твенте во Холандија.

Портпаролот на болницата изјави дека не можат да дадат дополнителни детали од причини за приватност, но нагласи дека инцидентот првично не бил сфатен сериозно.

„На почетокот се шегувавме за тоа, но се покажа дека е многу посериозно отколку што мислевме“, рече портпаролот.

Според најновите информации, детето сега се чувствува добро и се опоравува.

Полицијата започна истрага за тоа како канабисот се нашол во комерцијално достапните бонбони.

„Харибо“ вчера соопшти дека соработува со властите во истрагата. Официјалната причина за контаминацијата сè уште не е позната.

Како што беше објавено пред неколку дена, Холандскиот орган за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) објави дека канабис е пронајден во килограмски кесички бонбони „Hariboo’s Happy Cola F!ZZ“, поради што производот е повлечен од продажба низ целата земја.

Откритието доаѓа по извештаите дека неколку членови на семејство кои го јаделе производот се разболеле, објави денес „NL Times“.

Досега се идентификувани само три кесички бонбони контаминирани со канабис, но „Харибо“ ја повлекува целата серија како мерка на претпазливост.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img