21.9 C
Shtip
spot_img

ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОДЗЕМАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ СО ГОДИНИ СЕ ТРУПААТ ВО КРУГОТ НА „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ВО ШТИП

Стотина хаварисани и нерегистрирани автомобили, трактори и камиончиња, одземени од шумската полиција поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, со години стојат во кругот на подружницата на „Национални шуми“ во Штип и чекаат лицитација како старо железо. Управната зграда и складот на подружницата се наоѓаат до главното шеталиште на штипјани кај Зоолошката градина и новиот Дино парк. Во кругот на подружницата ретко кога има складирано дрва, исто така одземени од дрвосечачите, но има голем број конфискувани возила.

Раководството на „Национални шуми“ Штип вели дека тие немаат надлежност, ниту зелено светло да даваат информации за тоа колку дрвокрадци се фатени и колку возила се одземени, оти таа проблематика била на дирекцијата на ЈП „Национални шуми“ на Македонија. Некои од вработените во подружницата во Штип само ни рекоа дека шумската полиција континуирано фаќа дрвокрадци и постојано се конфискуваат возилата со кои се транспортира дивата сеча. Се работи за стари, нерегистрирани возила без таблици и најчесто дрвокрадците ги напуштаат и бегаат, па така мал број од нив се фаќаат и завршуваат на суд, кој им изрекува казни затвор од 3 до 12 месеци.

Подружницата во Штип само го отстапува својот простор да се складираат одземените возила. Таков плац за депонирање возила има и во близина на затворот во Штип. Натамошната постапка за отуѓување и наддавање на ваквите возила, како што велат, е на Агенцијата за управување со одземен имот и Бирото за проценка.

„Согласно правилникот за вршење на работите на шумочуварската служба, подружниците имаат формална обврска само за чување на привремено одземените предмети. До поднесување кривична пријава или барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд или орган на државната управа, привремено одземените предмети се чуваат во посебно одредени простори(и) во подружниците на Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја“, вели Фатима Шкријељ, овластеното службено лице за посредување со информации од јавен карактер во подружницата на „Национални шуми“ во Штип.

Во јануари 2024, Владата му укажала на Јавното претпријатие да ја разгледа можноста за отстапување на дел од складовите за привремено користење на Агенцијата за управување со одземен имот. ЈП „Национални шуми“ веднаш ја информирала Агенцијата дека поради немање доволно човечки и други ресурси, видеонадзор и слично не е во можност да отстапи дел од складовите за чување привремено одземен имот и предмети за што претпријатието и законски не е обврзано. Но, и покрај таквата ситуација, подружниците ѝ излегуваат во пресрет на Агенцијата за управување со одземен имот.

━ повеќе содржини

Познатиот штипски музичар Виктор Манев – Мана ја оствари својата желба од детството – рачно изработи своја гитара!

Познатиот штипски гитарист и музичар Виктор Манев - Мана денес ни го презентираше остварувањето на неговата желба од најмали нозе - рачно да изработи...

Дали денес „Огнена Марија“ ни го носи најжешкиот ден во Македонија?

Денес, 30 јули, Македонија влегува подлабоко во новиот топлотен бран, но според актуелната прогноза на УХМР, „Огнена Марија“ сепак нема да го донесе најжешкиот...

Министерот за здравство Клековски со претставници од Светска Инвестициона банка денес во Штип!

Нов болнички комплекс во Штип за 250 илјади жители од Источна Македонија - помалку упати кон Скопје, подобра грижа за пациентите. Новата Клиничка болница...

Иван Глигоров е најновиот сегмент од мозаикот наречен прволигашка Брегалница!

Повратникот Иван Глигоров е најновата аквизиција на штипска Брегалница. Глигоров ќе ги засили офанзивните редови на "сините' и секако ќе биде од голема помош...

Од Македонија до САД и Панама: (Видео) Игор Илиевски од Штип го создаде AI продавачот на иднината!

Интервју со Игор Илиевски, креаторот на Amenexia – AI шопинг асистент кој не е само четбот, туку функционира како вистински дигитален продавач. Како ова решение им помага...
spot_img