34.6 C
Shtip
spot_img

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил службената функција.

Според Финансиската полиција, Бислимоски не постапил како што налага законот и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол“ од Скопје, иако таа не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Наместо лиценцата да биде одземена во јануари 2024 година, постапката била прекината со незаконско решение, а лиценцата ѝ била одземена дури во април 2025 година.

– Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на РКЕ, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година – се вели во соопштението.

Поради тоа, компанијата продолжила да работи уште околу 15 месеци, да учествува во јавни набавки и да склучува договори, иако за тоа немала законска основа.

Од Финансиската полиција наведуваат дека во тој период „Тритерол Петрол“ остварила промет од над 3.15 милиони евра, а противправната корист се проценува на повеќе од 227 илјади евра.

━ повеќе содржини

Вака се славеа детските родендени пред 20 години: Немаше игротеки, ниту аниматори, а забавите имаа поинаква магија

Прославата на детските родендени пред четири децении изгледаше сосема поинаку од денес. Во времето на Југославија родендените се славеа дома, во дневната соба. Децата...

Семејна расправија во Штип ескалирала во голем инцидент!

На 29.07.2026 во СВР штип било пријавено дека по претходни расправии со неговата 24-годишна сопруга и нејзиниот брат М.Д.(23) од Штип, Т.Н.(30) од Штип...

Касарната “Јане Сандански” во Штип ќе добие 100 милиони денари за реконструкција!

Во денешната посета во Штип на министерот за одбрана Владо Мисајловски, тој најави инвестиција од 100 милиони денари за реконструкција на касарната "Јане Сандански"....

Експерти од Светската и Европската Инвестициона банка утре ќе бидат во клиничка болница – Штип!

Новиот министер за здравство на Република Македонија, Сашо Клековски во изјава за медиумите, денес најави посета на експерти од светската инвестициона банка во Штип,...

Штипјанец падна од автомобил во движење, заврши со тешки повреди

Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за...
spot_img