20.2 C
Shtip
spot_img

УЕФА со нов револуционерен предлог: Се укинуваат продолженијата во ЛШ?

Раководството на УЕФА направи огромни промени во системот на натпреварување во Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона, а Александар Чеферин и неговите најблиски соработници планираат уште неколку измени што би стартувале веќе од сезоната 2025/26.

Германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на извори блиски до европската куќа на фудбалот најавува дека се планираат три нови промени во ЛШ, од кои најголемата ќе биде укинување на продолженијата од два пати по 15 минути во нокаут фазата.

„Првата промена се однесува на пенал-рулет веднаш по 90-те минути, наместо да се играат продолженија. Со тоа, би се намалил притисокот врз фудбалерите, кои се жалат на премореност, а завршницата би кулминирала со возбудлива пенал-серија“, пишува Билд.

Втората промена според германскиот весник се однесува на тимовите кои се во Топ 8 и имаат директен пласман во осминафиналето. Тие потоа согласно пласманот ќе имаат предност да го играат реваншот на домашен терен во однос на послабо рангираниот тим од себе. Ова сезонава беше случај само во осминафиналето, но не и во четвртфиналето, па така Борусија Дортмунд беше домаќин на реваншот со Барселона, а Реал вториот меч го играше во Мадрид со Арсенал, иако „милионерите“ и „кралевите“ имаа послаб ефект во групната фаза од противниците. УЕФА ја призна грешка уште пред неколку седмици и речиси сигурно оваа промена ќе биде реализирана за сезоната 2025/26.

„Екипи од иста земја ќе може да се среќаваат едни против други од четвртфиналето. Според актуелното правило ривали од иста држава можеа да играат веднаш по групната фаза, но бројките покажаа дека дуелите Брест – ПСЖ, Баерн – Баер, па дури и Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, не импресионирале со гледаност. Поради ова, УЕФА планира да се врати на старото правило, клубови од иста земја да може да се сретнат најрано во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Тоа е третата промена што се планира“, најавува „Билд“.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img