9.5 C
Shtip
spot_img

Три стратешки проекти за Штип: Кежовица, брана Отиња и нови инвестиции во водовод и канализација

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска при посета на Општина Штип истакна дека во тек е реализација на три значајни проекти кои ќе го променат развојот на регионот.

– Во завршна фаза е изработката на Детален урбанистички план за бањата Кежовица, која ќе овозможи развој на бањскиот туризам и изградба на викенд населба – изјави Николоски.

Тој додаде дека се инвестираат дополнителни 70 милиони денари за водоводна и канализациона инфраструктура, а наскоро ќе следува и нова слична интервенција.

Третиот проект е изградбата на браната Отиња, за која се обезбедени 145 милиони денари. Очекувањата се таа да биде завршена до крајот на 2026, со можност веќе летото 2027 година да се искористи и како туристичка атракција и за наводнување.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да...
spot_img