28.2 C
Shtip
spot_img

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Бруцошите ќе имаат можност да се пријават по завршувањето на уписите, односно во периодот од 10 до 17 септември.

Апликациите се поднесуваат преку интернет, на веб-страницата e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите треба да прикачат и потребни документи. Секој кандидат може да конкурира само за еден студентски дом.

Според конкурсот, на располагање се вкупно 4.264 слободни места во студентските домови во Скопје, Битола, Штип, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 се наменети за бруцоши, а 3.413 за останатите студенти.

Поради тековна реконструкција, домовите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје засега остануваат затворени. Сепак, се очекува тие да бидат достапни за студентите од вториот семестар.

Најголем број слободни места во Скопје има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ – 1.212 места, потоа во „Пелагонија“ – 997 места, како и во „Томе Стефановски – Сениќ“ со 335 места. Во Битола, студентскиот дом „Кочо Рацин“ располага со 385 слободни места, додека во Прилеп, „Орде Чопела“ има 330.

Во Охрид, студентскиот дом „Никола Карев“ располага со 242 слободни места. Штип нуди вкупно 348 места – 236 во државниот дом „Браќа Миладиновци“, 60 во приватниот дом „Хилјадников“ и 52 во „Логос“. Во Тетово, државниот дом „Тетово“ располага со 295 места, а приватниот дом на УЈИЕ со 120.

Конечните резултати за студентите од втора и повисоките години ќе бидат објавени најдоцна до 6 септември, а за бруцошите до 30 септември. Сместувањето започнува веднаш по потпишувањето на договорот со домот, а најдоцна 10 дена по објавувањето на конечниот список.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img