18.3 C
Shtip
spot_img

Уште поубава дрогерија на старо место: dm ја отвора реновираната дрогерија во ТЦ Штип CityMall!

Повеќе од еден месец по затворањето на dm дрогеријата во ТЦ Штип City Mall заради
реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 8 мај повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на   ул. Д.р Слободан Јовановски 2   во склоп на ТЦ Штип City Mall.

Оваа дрогерија беше затворена кон крајот на месец март, со цел нејзино разубавување и
реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија. 
 
На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:  
★ -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ 
★ Со секоја сметка над 500 денари ПОДАРОК гел за туширање од Balea; 
★ Со секоја сметка над 700 денари ПОДАРОК торба; 
★ Со секоја сметка над 1.999 денари ПОДАРОК чадор. 
 
Покрај попустот од -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ  кој ќе трае 4 дена (8.5 – 11.5.2025), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ. Како и на секое отворање и реотворање на dm, така и сега, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип.


Подгответе ги списоците за пазарување и посетете ја разубавената dm дрогерија на 8 мај!

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img