28.2 C
Shtip
spot_img

Навршуваат 81 година од смртта на хероината Вера Циривири Трена, штипјани денес оддадоа почит

Со едноминутен молк и положување свежо цвеќе , денеска граѓаните на Штип, политички партии, делегации и боречки организации оддадоа почит пред спомен бистата на хероината Вера Циривири Трена.

На денешен ден, пред точно 81 година, во текот на Втората светска војна, Вера беше убиена од страна на фашистичките окупатори. Сеќавањата за нејзе се уште болни за граѓаните.

,,Денес 15 јули се навршуваат 81 година од загинувањето на херојот Вера Циривири Трена во Штип. На еден топол јулски ден фашистичка Бугарија извршија убиство на хероината. Со запрежна кола ја земаа и однесоа позади Исарот кај кланицата и ја покрија со гранки и лисја. Денес пред споменикот на Вера Циривири ќе положиме свежо цвеќе“, велат од здруженито на борци Штип

Директорката на оваа градинка Ивана Ангеличкова, истака дека е посебна чест што нивната градинка го носи името токму на оваа хероина, која што млада несебично го дала животот за слободна Македонија

Честа е наша што ДГ Вера Циривири Трена, го носи името на оваа хероина, која што млада несебично го дала животот за слободна Македонија. Слобода во која што ние згрижуваме генерации, генерации, кои што излегоа од нашата градинка. Нејзината пожртвуваност и храброст е нашиот мотив за работа за да опстоиме и опстојуваме веќе 60 години.“, рече Ангеличкова

Инаку, настанот се одржа во дворот на ДГ Вера Циривири Трена, каде се наоѓа и самата спомен биста, а истиот беше придружен и со мини приредба на дечињата од оваа градинка.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img