26.9 C
Shtip
spot_img

ТАВ Аеродроми и Визер најавуваат: Од 3-ти мај нови авионски линии и обновување на некои претходни

Детали за достапноста и резервацијата на авиобилети, како и за времињата на пристигнување и заминување, за двете авиолинии, може да се најдат на веб-страницата на wizzair.com

Од 3-ти мај од Меѓународниот Аеродром Скопје авиокомпанијата Визер ја враќа редовната авиолинија до Барселона, а истовремено ќе воведе и директна авиолинија до Лион во Франција, најавија денеска ТАВ Македонија и Визер, на заедничка прес-конференција.

Летови до Барселона од Меѓунарониот Аеродром Скопје ќе има два пати неделно, секој вторник и сабота, а до Лион, секој вторник, четврток и сабота.

  • Враќањето на оваа авиолинија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери, Владата и секако – авиокомпанијата Визер која уште еднаш потврдува дека ја гледа иднината токму кај нас. И сето тоа со една цел – најдобра услуга за нашите ценети патници.  Верувам дека оваа линија повторно ќе биде исклучително популарна, бидејќи Барселона е град на уметност, историја, архитектура и спорт – а Скопје е сè попосакувана точка на мапата за европските патници, изјави Неџат Курт,  генерален директор на ТАВ Македонија.  

Тој изрази задоволство што Скопје повторно се поврзува со Барселона, а со тоа се исполнува едно повеќегодишно барања на патниците.  

Летовите Скопје – Барселона ќе се одвиваат два пати неделно, секој вторник и сабота. 

На прес конференцијата, која се одржа денеска, 28-ми април 2025 во бизнис- салонот на Меѓународниот Аеродром Скопје, освен генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, се обрати и раководителот за комуникации на Визер, Андраш Радо.

Иако веќе ги нудиме овие возбудливи дестинации за одмор за ова лето, со задоволство можам да споделам дека оваа есен означува значаен момент за нас, бидејќи ќе ја обновиме целата наша флота со седиште во нашата база во Северна Македонија. Во моментов, нашите авиони се од типот Airbus A320ceo со 180 седишта, но до крајот на годината, сите ќе бидат надградени со следната генерација A321neos со 239 седишта, со најдобрата достапна технологија за ефикасна потрошувачка на гориво. Оваа трансформација претставува импресивно зголемување на капацитетот од речиси 30%. Со повеќе достапни седишта, можеме да сместиме уште повеќе патници, правејќи го патувањето не само полесно, туку и попристапно за семејствата, деловните патници и туристите,  соопшти Андраш Радо, раководител за комуникации на Wizz Air.

За поврзувањето на Скопје – Лион, Курт смета дека оваа нова директна авионска линија не е само нова дестинација туку уште една нова врата кон Франција, кон една богата историја, култура, гастрономија и економска соработка. Со Лион, сега сме поблиску од било кога досега.

  • Лион е град познат по својата уникатна комбинација од старо и ново – од неговото прекрасно ренесансно старо градско јадро, кое е под заштита на УНЕСКО, па се до ултра модерниот дел. Тоа е градот каде што е родена кинематографијата, благодарение на браќата Лимиер – па затоа Лион се смета за колевка на филмотпосочи Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

За љубителите на гастрономијата – Лион е несомнено еден од најголемите гастрономски центри во светот и важи за срцето на француската кујна. Домот на прочуениот готвач Пол Бокуз, град полн со „бушони“ – традиционални лионски ресторани, каде што се служат локални специјалитети.

За туристите – Лион нуди уметност, музика, културни настани, како и прочуениот фестивал на светлината, кој секоја година, во декември го претвора градот во магично светлосно искуство што привлекува милиони посетители.

Летовите Скопје – Лион ќе се реализираат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота. 

Покрај ова, менаџерскиот тим на ТАВ Македонија е во постојани преговори со многу авиокомпании и фокусот е во отворање на нови leisure односно туристички дестинации, со цел земјава да се поврзе со што повеќе туристички места и да ја збогатиме понудата на дестинации.

Во моментов, таргетирани се дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларнака во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.

Анталија, Бодрум, Хургада, Тунис, Рим, Венеција, Сплит, Барселона и Париз остануваат топ-туристички дестинации кои се реализираат во летната сезона.

━ повеќе содржини

ОК Штип УГД го доби противникот за дебито во ЦЕВ Челинџ купот – ќе вкрсти со норвешки Осло

Одбојкарскиот клуб Штип УГД денес на ждрепката одржана во Луксембург, го доби својот противник во 1/32 финалето во европскиот ЦЕВ Челинџ куп. Тоа е норвешкиот...

За 14 години, Македонија изгубила 11,4% од населението, тврди Евростат

Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на...

Кои се вашите права за замена на купен производ?

Често се случува при купување на некој производ да не ја погодиме точната големина, да се премислиме за изборот или едноставно производот да не ѝ се...

„Ја фатив жена ми во кревет со Бред Пит, ме молеше да не го удрам“- Мајк Тајсон не простува

Мајк Тајсон, поранешниот светски шампион во тешка категорија и еден од најконтроверзните спортисти на сите времиња, е познат по своите брутално искрени признанија. Меѓу морето...

Навршуваат 81 година од смртта на хероината Вера Циривири Трена, штипјани денес оддадоа почит

Со едноминутен молк и положување свежо цвеќе , денеска граѓаните на Штип, политички партии, делегации и боречки организации оддадоа почит пред спомен бистата на...
spot_img