27.8 C
Shtip
spot_img

Супер засилување во Штип: Љафтов нов член на ОК Штип УГД!

Репрезентативниот примач и еден од најдобрите македонски одбојкари Александар Љафтов е нов член на Штип УГД !!!

Љафтов е роден во Струмица на 15.август 1990 год и е еден од носителите на македонската одбојкарска репрезентација повеќе од 15 години. Во својата енормно богата кариера, тој има настапувано за: Работнички Фершпед , Galatasaray (Тур), Ribnica Valjevo (Срб), Anagennisi Deryneias VC (Кип), South Gas Sporting (Еги), PTT Spor (Тур), Mladost Ribola Kaštela (Хрв), Hebar Pazardzhik (Буг), Consar RCM Ravenna (Ита), Al Ibtisam (С.А), Al-Wasl VC (УАЕ), Струмица, PAOK Thessaloniki (Грц), MÁV Előre Foxconn (Унг) и Burgan Sport Club (Кув).

Александар Љафтов беше една од главните алки на репрезентацијата, која настапи на Европските првенства 2019, 2021 и 2023 година, а со националниот тим има освоено: сребрен медал – European League 2015, сребрен медал – European League 2016, сребрен медал – European League 2017 и сребрен медал – European Silver League 2021.

Му посакуваме топло добредојде во Штип, добро здравје, многу трофеи и успеси на домашен и меѓународен план.

━ повеќе содржини

Штипската планинарка Билјана Донева го освои Мон Блан!

Планинарката Билјана Донева од Штип со големо спортско достигнување, откако успеа во неколку дена да искачи три големи врвови. На 16 јули, Донева на Монте...

Иницијатива за основање професионален театар за деца и млади во Штип

Во Источниот Регион на Македонија, единствен професионален театар е Народниот театар-Штип, кој повремено реализира претстави за деца, а веќе тринаесет години постои и фестивалот...

УГД го објави конкурсот за упис на нови студенти – идните студенти веќе можат да се пријават електронски

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе...

Андреа Нисева ќе атакува на медал на У-17 Светското првенство во Баку!

Штипската шампионка во борење Андреа Нисева е подготвена за нов голем предизвик – Светското првенство во борење за кадетки (У-17) во Баку, Азербејџан! Од...

Доминација во Шангај: Злато за штипскиот “Питагора” Дамјан Давков!

Најрадосната вест за ова лето пристигна директно од далечниот Исток, каде што се вееше македонското знаме благодарение на знаењето. Штипскиот математички феномен Дамјан Давков стана...
spot_img