15.5 C
Shtip
spot_img

Студентите маратонци од Србија стигнаа во Брисел, се очекува да се сретнат со европските претставници

За време на престојот во Брисел, српските студенти се очекува да се сретнат со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, со еврокомесарите за проширување и за демократија, правда и владеење на правото, Марта Кос и Мајкл Мекграт, како и со претседателот на Комитетот за надворешни работи, Дејвид Мекалистер

Групата од околу дваесет српски студенти вчера ја истрчаа и последната етапа од штафетниот маратон и пристигнаа во Брисел. Студентите тргнаа од Нови Сад на 25 април и се упатија кон седиштето на Европската Унија за да го свртат вниманието на европските претставници кон нивните барања.

Ја поминаа целта носејќи транспарент со слоган „Струја на промени“.

Тие вчера пристигнаа во Брисел каде што беа пречекани од граѓани, претежно српски државјани од дијаспората, со транспаренти и знамиња на платото пред Службата за надворешни работи на ЕУ. Присутните ги пречекаа со аплауз и извикот „Пумпај“ – еден од слоганите што ги одбележаа студентските протести во Србија.

На патувањето до Брисел студентите поминаа речиси 2 000 километри, а стартната точка им беше железничката станица во Нови Сад каде што по пад на натстрешницата на 1 ноември лани загинаа 16 лица.

Фокусот на нивните барања е утврдување на кривична и политичка одговорност за несреќата.

За време на престојот во Брисел, српските студенти се очекува да се сретнат со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, со еврокомесарите за проширување и за демократија, правда и владеење на правото, Марта Кос и Мајкл Мекграт, како и со претседателот на Комитетот за надворешни работи, Дејвид Мекалистер. 

━ повеќе содржини

Улицата „Џемал Бједиќ“ наскоро со нов асфалт и уредени тротоари

Активностите за унапредување на инфраструктурата продолжуваат во неколку населби во градот. Во рамки на планираните зафати, наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Џемал Бједиќ“. Со...

Жестоки реакции за судењето на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница во Тетово

Брегалница денес одигра нерешено без голови (0:0) во Тетово со екипата на Тетекс, па излезе со соопштение откако посочи дека биле оштетени на денешниот...

Злоупотребени слики на интернет на жена од Штип!

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 27.01.2026,...

Обвинетиот штипјанец Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Во Основен суд Штип денеска почна судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина...

Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа

Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е исклучен од интернетот повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на X, предупредувајќи дека „пристапот до отворен интернет...
spot_img