14.2 C
Shtip
spot_img

РК Алкалоид е шампион на Европскиот куп!

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид е шампион во Европскиот куп на ЕХФ.

rk-alkaloid-e-shampion-na-evropskiot-kup-kire-lazarov-ispisha-nova-rakometna-istorija-02.jpeg

Момците на Кире Лазаров, на првиот натпревар во Атина го победија АЕК со резултат 29-25.

И додека македонските навивачи очекуваа втор натпревар во Скопје и шампионска титула, па ја наполнија арената Борис Трајковски до последното место, реваншот, сепак не се одигра, бидејќи ракометарите на АЕК не излегоа на теренот.

По ова, европската куќа на ракометот повеќе од 2 недели одлучуваше за „судбината“ на вториот натпревар, титулата и можните санкции, за денес да излезат со соопштение дека РК Алкалоид го добива вториот натпревар службено со 10:0 и со тоа ја освоија титулата. 

rk-alkaloid-e-shampion-na-evropskiot-kup-kire-lazarov-ispisha-nova-rakometna-istorija-04.jpeg

ЕХФ излезе со соопштение во кое вели дека натпреварот нема да се преигра, а дека македонскиот клуб е новиот шампион.

rk-alkaloid-e-shampion-na-evropskiot-kup-kire-lazarov-ispisha-nova-rakometna-istorija-03.jpeg

Со тоа, клубот од Автокоманда и Кире Лазаров, како нивeн тренер, испишаа нова историја во македонскиот ракомет.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img