13.5 C
Shtip
spot_img

Околу еден милион денари ќе чини поправка на оштетените кровови на училиште и градинка во Штип – се врши проценка и на штетата на болницата од невремето

Околу еден милион денари се потребни за поправка на оштетените кровни конструкциии на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ во Штип, покажале првичните проценки. Од Општина Штип информираат дека станува збор за проценка на штетите на институциите кои се под надлежност на локалната власт, додека за пријавите на граѓаните кои се однесуваат на оштетени кровови, возила и други штети , пресметката ќе се знае откако Комисија ќе излезе на терен и ќе изврши проценка.

Во невремето кое го зафати регионот на 21 јули, поголема штетата претрпе и штипската Клиничка болница, каде што се уште се расчистува паднатата кровна конструкција и градежниот шут, по што ќе треба итно да се изврши реконструкција на кровот.

Пациентите со скршеници се уште се препраќаат во другите здравствени центри, а во тек се и проценките за утврдување на штетата за целосна санација.

Во средата, Клиничката болница-Штип упати известување до сите болници и здравствени домови во Источниот Регион, во наредните неколку дена да не ги препраќаат или транспортираат пациентите со скршеници на штипското Одделение за ортопедија.

Одлуката следуваше по невремето проследено со силен ветер, со брзина од 134 километри на час кој откорна дел од кровната конструкција на болницата предизвикувајќи сериозни оштетувања.

Разорно невреме во вторникот попладне го зафати и Скопје, но и други градови во земјава, што предизвика значителна материјална штета. Пријавени се многубројни оштетувања на автомобили, покриви на станбени и јавни објекти, како и голем број паднати дрвја и оштетени семафори.

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните кои претрпеле материјални штети во невремето, да ги пријават до општинските комисии, за потоа да може да бидат обесштетени.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img