29.4 C
Shtip
spot_img

Запуштениот дом за стари лица во Штип на чекор до обновување

На барање на Општина Штип, Владата покрена постапка за враќање на недовршениот дом за стари лица во сопственост на Општината. Објектот, започнат пред 11 години од Здружението на пензионерите, престана да се гради по две години и девет години стои запуштен, иако се вложени 400.000 евра. Домот, со капацитет за 103 лица, се изгради до четврти кат на местото на поранешен армиски ресторан, но наиде на правни и урбанистички пречки.

Судските спорови завршија, а сегашниот претседател на Здружението, Ристе Нетков, очекува продолжување на проектот. Општината и Владата планираат стратегија за доизградба и ставање во функција на домот. Штип сè уште нема дом за стари лица, за разлика од неколку други градови и приватни домови низ државата.

━ повеќе содржини

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...

Кој всушност е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

Јелена Карлеуша неодамна конечно ја призна својата врска со младиот кошаркар Никола Јовановиќ. Иако со месеци се шпекулираше за нивната врска, малкумина ги знаат деталите...

Пожар предизвикан од плински уред во текот на вчерашниот ден во Штип

Во текот на вчерашниот ден, во 14:30 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л....
spot_img