28.5 C
Shtip
spot_img

Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг

Од утринава членовите на избирачките одбори излегоа на терен за да им овозможат на болните и изнемоштени лица да гласаат во домашни услови. На територија на општина Штип има пријавено вкупно 208 лица. Во штипската приградска населба „Железника“ гласаа 76 годишната Слободанка Гошова и 81 годишната Митра Арсова. Велат дека секој треба да го искористи своето демократско право.

– Треба да се излезе на гласање, се знае гласање што е, треба да се излезе- изјави Митра Арсова

– Обавезно, обавезно треба да се гласа, посебно младите- изјави Слободанка Гошова

На ова избирачко место има двајца гласачи повеќе на избирачкиот список за парламентарните избори, во однос на претседателските, а претседателот на избирачкиот одбор, објаснува зошто е тоа така.

– Добив известување од ОИК, во периодот помеѓѕ двете гласања, претпоставка е дека млади лица наполниле 18 години и се стекнале со право да гласаат на парламентарните избори- изјави Маријан Арсов, претседател на ИО на ИМ 2282-Штип

Во 7 часот наутро беше отворено и избирачкото место во Казнено поправната установа – Затвор – Штип. 

– Имаме 206 избирачи и во двата избирачки списоци, за претседателсио и за парламентарни избори и досега има излезено 71 гласач, изјави Адријана Хаџиниколова, заменик претседател на ИО на ИМ 2307- затвор Штип

Излезност до 11 часот е скоро идентичен со првиот круг претседателски избори, односно, 35%. 

━ повеќе содржини

Важно известување за сите граѓани кои скенираат фискални сметки!

– Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци...

Штипјанецот Јоце Панов со нов летен хит!

Откако го прослави својот јубилеј по повод 25 години активно присуство на музичката сцена со гламурозен концерт во Македонската Филхармонија, Јоце Панов, сними нова...

Што да направиме кога ќе не касне медуза? Какви отрови испушта?

Контактот со медуза може да предизвика разни реакции на кожата, но може да овозможи и отровни супстанции да навлезат во крвотокот. Интензитетот на симптомите...

Маск формираше партија, Трамп го исмеа, а акциите на „Тесла“ веднаш потонаа

Американскиот милијардер Илон Маск објави дека формирал нова, „Американска партија“, потег што веднаш предизвика остри реакции од претседателот Доналд Трамп и голема загриженост кај...

Нов ќотек скандал во Србија – Инфлуенсерката Сораја нападната од двајца мажи

Сораја, според извори блиски до истрагата, ја изгубила свеста како последица на физичките повреди и шокот, а ја повратила благодарение на силниот мирис на...
spot_img