Од вчера, Секторот за внатрешни работи во Штип доби нов командир на Полициската станица од општа надлежност. На оваа функција е назначен Благој Серафимов, долгогодишен полициски службеник со 27 години работно искуство во Министерството за внатрешни работи.
Во текот на својата професионална кариера, Серафимов поминал низ повеќе значајни позиции – од полициски службеник, водач на безбедносен реон во сообраќајната полиција, инспектор за недозволена трговија со дрога, виш инспектор во Секторот за криминалистички истраги (ЦИК), а од вчера е назначен за командир на Полициската станица Штип. Серафимов на штипјани е познат и како успешен спортист и хуманист. Тој е носител на медали во борење и дарител на крв преку 60 пати.







