15.3 C
Shtip
spot_img

АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ Е РОМКА! ПЕЈАЧКАТА ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО!

Пејачката Александра Пријовиќ своевремено јавно проговори за семејните односи и своето потекло, откако во медиумите се појавија бројни изјави на нејзиниот дедо кои предизвикаа големо внимание во јавноста.

Александра тогаш јасно и без воздржување зборуваше за своите корени, истакнувајќи дека не се срами од своето потекло.

– Мојот дедо е Ром, а баба ми не е. Филип и Брена го знаат тоа и не им пречи. Гордa сум на своето потекло и мислам дека не би пеела вака доколку ја немав таа крв, – изјави пејачката.

Како што нагласи, нејзиниот дедо во јавноста изнесувал тврдења кои, според неа, не се точни и кои длабоко ја повредиле неа и нејзиното семејство.

– Дедо ми зборува глупости дека убил двајца луѓе. Точно е дека бил седум години во затвор, но не поради убиство. Раскажува и дека јас му ги плаќам долговите, а тој нема никакви долгови. Дури изјави и дека е музичар, а човекот никогаш ништо нема отсвирено, – раскажа Александра.

Особено ја погодила нејзиниот татко изјавата дека тој ја напуштил како бебе, што таа решително го демантираше.

– Татко ми беше многу повреден кога дедо ми рече дека ме напуштил како бебе. Тоа не е вистина. Моите родители се разведоа кога имав три години, но јас редовно се гледам со татко ми, – нагласи пејачката.

Александра искрено зборуваше и за своето образование.

– Единственото што е точно е дека не завршив средно образование, но планирам да го завршам вонредно, – призна таа.

На крајот, пејачката ги објасни и причините поради кои, како што тврди, нејзиниот дедо често дава противречни и неповрзани изјави.

– Мојот дедо зборува неповрзано – денес ќе каже едно, а утре не знае што рекол. Човекот има повеќе од 70 години, му ја ампутираа едната нога, а другата ја зафаќа гангрена. И покрај тоа што му ја отсекоа ногата, тој и понатаму пие, – заклучи Александра.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img