15.3 C
Shtip
spot_img

„ТОА МИ Е МИНИМУМ, НО МОЖЕ И ПОВЕЌЕ!“ КОЛКАВИ СЕ МЕСЕЧНИТЕ ТРОШОЦИ НА БАКА ПРАСЕ?

Покрај заработката од личните проекти и дигиталните платформи, неговата финансиска состојба му дозволува луксузни трошоци и стабилен животен стандард.

Како што самиот откри за време на еден „лајв“, само за недвижности, автомобили и основни животни потреби месечно издвојува илјадници евра, додека за останатите трошоци не сакаше да зборува подетално.

– Колкави ти се месечните трошоци? – прочита едно прашање за време на еден од своите „стримови“, а потоа откри „какви суми му минуваат низ рацете“.

– На први во месецот имам трошоци за стан, автомобили и плати, околу 40.000 евра. Секој први во месецот. Потоа, за останатите трошоци и да не зборувам. Храна, ручеци што ги плаќам, ова, она… – набројуваше Илиќ.

– Кога ќе се собере сè, тоа е минимум уште 15.000 евра месечно покрај тоа. Минимум. Иако, може да биде и повеќе. Кој знае… – додаде тој, а според коментарите, со ова значително ја подели и публиката.

Додека едни му честитаа за успехот, на други воопшто не им беше јасно „како му успеало тоа“, имајќи ги предвид просечните плати. За еден месец, на Богдан му заминува сума колку што просечен човек би заработил за околу пет години – без притоа да потроши ниту денар во тој период.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img