15.3 C
Shtip
spot_img

БАЛЕНСИАГА ПРОДАВА НАРАКВИЦА ОД 1200 ДОЛАРИ КОЈА ИЗГЛЕДА КАКО СЕЛОТЕЈП! 

Луксузната модна куќа Баленсијага повторно ја крена прашината на социјалните мрежи со својот најнов, крајно необичен моден додаток-нараквица која изгледа буквално како парче салотејп, но со цена од неверојатни 1200 долари.

Фотографиите што кружат на интернет предизвикаа вистинска бура од реакции.

Според описите на производот, нараквицата е изработена од висококвалитетни материјали и е дизајнирана да изгледа како обично лепливо тракаче, но во препознатливиот авангарден стил на Баленсијага. Брендот е познат по контроверзни и неконвенционални модни изданија, но овојпат, според коментарите, го надминал и сопствениот имиџ.

фото: инстаграм/ принтскрин/ celebritywordd
фото: инстаграм/ принтскрин/ celebritywordd

Фановите на брендот се поделени-додека некои ја гледаат нараквицата како уметнички израз и модна иронија, поголемиот дел ја доживуваат како преценет предмет без реална вредност. Сепак, како што често се случува со Баленсијага, ваквите необични парчиња неретко стануваат култни и се распродаваат во рекордно време.

Социјалните мрежи се уште „горат“, а јавноста се прашува: дали ова е висока мода или чист маркетиншки провокативен трик?

Дали вие би платиле 1200 долари за „нараквица-селотејп“?

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img