Македонскиот интернационалец Иван Николов (24) е пред враќање во Данска, пренесува познатиот Руди Галети. Николов имаше одлична полусезона во дресот на Радник Бијелина (БиХ), има искуство со настап во данското првенство, каде што беше дел од тимовите на Сондерјиске и Вендисел.
Според Галети, за Македонецот интерес пројавиле и клубови од Србија, Унгарија, Романија, Полска.
Николов кариерата ја започна во штипска Брегалница, а играше и за Брера и Вардар пред да направи трансфер во Данска во 2023 година.







