20.3 C
Shtip
spot_img

Во фокус е завршувањето на процедурите на КБ, факултетот и студентскиот дом во Штип

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски посочи дека за болниците во Штип, Кичево и Тетово и за нов Факултет за медицински науки и Дом за студенти во Штип имале меѓународен повик, за да се пронајдат финансиери за овие проекти.

-Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои што се необврзувачки, индикативни, кои што се понуди за нас, би рекол, навистина поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а логично е дека во меѓувреме размислуваме и за големиот Клинички центар кој што во Скопје би требало да се изгради. Разгледуваме една локација. Тоа е локацијата пред базенот „Борис Трајковски“, бидејќи таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата, што значи не само за главниот град и Македонија како држава, туку може од соседните држави да привлекуваме пациенти кои што ќе ги користат услугите на овој, би рекол, како што е нашиот план, ултрамодерен Клинички центар. Но, таа парцела е приватна сопственост. Преговараме со сопственикот да видиме дали можеме да најдеме замена за таа парцела, да ја добие државата, потоа со специјален Закон да се смени намената на истата-изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски цени дека на овој начин не само што ќе се развие државата, туку и ќе се одговори на потребите на граѓаните, онаму каде што се најпотребни.

-Тоа е нашата амбиција и откако ќе ја завршиме процедурата со овие претходни проекти, тоа ќе биде главниот фокус на на нашите приоритети. Овој долго најавуван проект да го направиме онаму каде што треба да биде и онаму каде што му е местото и каде што ќе можат граѓаните да го користат. Така што, на овој начин цениме дека не само што ќе ја развиваме државата, туку и ќе одговориме на потребите на граѓаните онаму каде што се најпотребни-вели Мицкоски.

Како што дополнително посочи премиерот Мицкоски, тие како влада веќе имале меѓународен повик за да најдат финансиери и веќе имале понуди кои што се необврзувачки, индикативни, понуди, кои како што рече се поволни и прифатливи.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img