15.4 C
Shtip
spot_img

Штипската Клиничка болница добива реконструкција и нови апарати во вредност од над 100 милиони денари

Реконструкција на Ургентниот центар и модернизација на апаратурата во вредност од над 100 милиони денари за Клиничката болница во Штип, најави директорот д-р Владко Захариев:

Следната градежна активност е адаптација на модуларната болница за амбулантите од Мој Термин. Во скоро време ќе започне процедурата за реконструкција на Ургентниот центар. Планираме и други реконструкции, како што е обновата на кровот на Инфективното одделение, а во блиска иднина се очекува реконструкција на физикалната терапија. Ќе се подобрат и условите за амбулантите и соблекувалните за пациентите. Овие се градежните активности кои ги имаме во план за оваа година, истакнува Захариев.

Во однос на новата апаратура, акцентот ќе биде ставен на неколку клучни уреди:

Чекаме одобрение за распишување на јавна набавка за дензинометар, апарат за дијагностика на остеопороза. Исто така, ќе бидат набавени апарати за анестезија и интензивно лекување, апарати за операција, респиратори и транспортни респиратори, како и многу други апарати планирани за 2025 година. Вкупната вредност на сите овие апарати ќе изнесува над 100 милиони денари, истакнува Захариев.

━ повеќе содржини

Јубилејно 40-то издание на Макфест!

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“...

Во сабота во Штип ќе се вози шампионски круг во чест на титулата на Петар Мијалков

Датум: 25.10.2025 (сабота) Време: Собирање во 11:00 часот Локација: Кај новата пошта – Градски стадион Ги покануваме сите љубители на моторите да ни се придружат на шампионскиот...

Денес започнува втората кошаркарска лига – штипските Соколи со големи амбиции

Денес (среда) започнува новата сезона во втората кошаркарска лига во која се натпреварува штипската екипа КК Соколи 1933. Во Штип, во СЦ Јордан Мијалков,...

Започнаа активностите во викенд-населбата Плуждино

Започнаа активностите на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 викенд куќи ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши...

Денес е Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на...
spot_img