34 C
Shtip
spot_img

Штип добива нов дневен центар за рехабилитација

Во централното градско подрачје на Штип, на местото на некогашното текстилно училиште, ќе се изгради нов дневен центар за рехабилитација на лица со попречености. Целта е да им се помогне во развојот на работни вештини и нивно вклучување на пазарот на труд.

За изградбата се обезбедени над 10 милиони денари, со дополнително 15% кофинансирање од Општина Штип. Во тек е подготовка на тендерската постапка, а центарот ќе има капацитет за 24 деца.

Ова ќе биде прв ваков центар во државата, а покрај опремата, фокусот ќе биде ставен на програмата за работа. Претставници на родителите, општината, владата и бизнис-секторот заеднички ќе работат на развој на соодветни програми за професионална ангажираност на децата.

Родителите ја поздравуваат иницијативата, нагласувајќи дека нивниот глас конечно е слушнат и дека ова е важен чекор кон подобрување на условите за нивните деца.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img