6 C
Shtip
spot_img

Хуман гест: Пандев и Омерагиќ купија 400 влезници

Во пораката од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, објавена на сајтот на федерацијата вели дека ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра и дека фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.

Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Велс кој се игра вечерва, во 20:45 часот на Националната арена Тодор Проески се продаваат на веб страницата на ФФМ од 300 до 900 денари.

Оваа акција на ФФМ е одлично прифатена, а солидарност покажаа и од врвот на федерацијата. Претседателот Масар Омерагиќ купи 300 билети со цел да донира, а 100 купи и спортскиот директор Горан Пандев. 

Според податоците, досега се продадени околу 20 илјади влезници.

ФФМ исто така известува дека сите деца од основните училишта во Македонија се поканети на натпреварот и влезот за нив е бесплатен.

━ повеќе содржини

Улицата „Џемал Бједиќ“ наскоро со нов асфалт и уредени тротоари

Активностите за унапредување на инфраструктурата продолжуваат во неколку населби во градот. Во рамки на планираните зафати, наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Џемал Бједиќ“. Со...

Жестоки реакции за судењето на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница во Тетово

Брегалница денес одигра нерешено без голови (0:0) во Тетово со екипата на Тетекс, па излезе со соопштение откако посочи дека биле оштетени на денешниот...

Злоупотребени слики на интернет на жена од Штип!

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 27.01.2026,...

Обвинетиот штипјанец Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Во Основен суд Штип денеска почна судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина...

Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа

Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е исклучен од интернетот повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на X, предупредувајќи дека „пристапот до отворен интернет...
spot_img