19.1 C
Shtip
spot_img

Фудбалска “бомба” во Штип!

Матеј Ангелов е нов играч на Брегалница! Тој е повратник во плавиот дрес, со оглед на фактот дека кариерата ја започна во својата матична Брегалница. Тој уште настапуваше и во Работнички и во украински Черкаси. Ангелов има 22 години и беше редовен член на Македонската младинска репрезентација.

Од таборот на штипските сини не се шегуваат, Ангелов е 10-то засилување ова лето. Покрај него за ФК Брегалница потпишаа уште и: Иван Глигоров, Матеус Лемос, Методи Максимов, Мартин Миленковски, Амир Јашар, Дарко Стојанов, Мартин Стојанов, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски.

Од клубските гласила најавуваат уште неколку трансфери, со клубот тренираат неколку потенцијални засилувања од странство.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img