7.4 C
Shtip
spot_img

Познатиот македонски рапер го истетовира ликот на Панчо во знак на почит!

Македонскиот рапер Христијан Тасковски, познат како Таско, на неверојатен начин му оддаде почит на Владимир Блажев – Панчо, кој трагично го загуби животот по неколкумесечна борба со повредите  од стравотниот пожар во Кочани. Таско одлучи да направи спомен на своето пријателство со Панчо од „ДНК“, па на ногата си го истетовира неговиот лик.

Следбениците на социјалните мрежи го поздравија овој гест, кој дефинитивно е неочекуван и редок меѓу колегите на сцената.

Раперот покажа дека пријателството со Панчо му значи премногу и сакаше да го овековечи на посебен начин, а оваа тетоважа е јасен симбол на нивната блиска врска и меѓусебна почит.

За потсетување, Панчо почина по долга и тешка битка со повредите здобиени во страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март 2025 година и во кој животот го загубија 63 лица, меѓу нив и неговиот долгогодишен музички партнер Андреја Ѓорѓиески – Андреј. Според информациите од болницата „Аџибадем Систина“ за „Слободен печат“, каде што се лекуваше, Панчо починал во утринските часови на 14 октомври, седум месеци по трагедијата.

Панчо ќе остане запаметен како уметник со големо срце, како човек кој преку музиката умееше да обединува генерации, да ги претвора емоциите во стихови и да допре до секој еден кој некогаш слушнал за песните од „ДНК“. Неговата кариера беше симбол на посветеност, талент и искреност, а неговото наследство ќе живее во песните што ги создаваше со љубов и верба во уметноста.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img