13.2 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница на чекор од прва лига – против Шкендија бод вреден како победа!

На одиграниот дуел помеѓу екипите на Брегалница и Шкендија од Арачиново, вчера во Штип актерите ги поделија бодовите. Мечот заврши 1:1, а изобилуваше со многу прекини, тензии и протестирања. Шкендија со голот на Шаркоски поведе со 0:1, а резултатот го изедначи Костадин Капсаров од пенал во 68.минута. Тоа беше и конечниот епилог на натпреварот. Со овој бод, Брегалница го задржа првото место на табелата, сега заедно со ФК Скопје имаат по 65 бодови, но штипските сини имаат подобар меѓусебен скор.

За да го задржат првото место, потребни се 2 победи во последните 2 кола во кои штипјани гостуваат во Кочани кај Осогово и во последното коло ја пречекуваат веќе отпишаната прилепска Победа. Впрочем, последното коло во Штип треба да биде и своевидна промоција на Брегалница во прва лига.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img