20.1 C
Shtip
spot_img

Се крои стратегија за решавање на проблемот со кучињата и изградба на регионален стационар на истокот од државата

Се уште не е утврдена локацијата за изградба на регионалниот стационар за кучиња скитници во Источниот плански регион, а таа ќе биде позната по изработката на визибилити студијата и техничката документација за проектот. Од ИПР Штип велат дека во тек се активности за обезбедување финансиски средства за подготовка на документацијата, чија проценета вредност изнесува околу пет милиони денари. Очекувањата се до крајот на годинава да биде избран оператор кој ќе започне со изработка на потребната документација. Проектот треба да понуди долгорочно решение за справување со проблемот со кучињата скитници во источниот регион.

,,Штип како центар на источниот регион е домакин на еден настан кој што го координира АХВ односно настанот е една презентација на стратегија за упавување на популацијата со кучиња како на бездомните, така и на кучињата миленици со цел да се презентира еден нов пристап на управување. За таа цел со нас се експерти од АХВ претставниците на општините со кои ќе имаме презентација и работна средба во насока да се актулизира овој проблем и да се презентираат новите планови и начи9ни на управување со популацијата со кучињата. Источно планскиот регион во овој контекст, има изработено преоктна задача за изработка на техничка документација за стационар за кучиња скитница, така да се поклопуваат активностите на двете институции. ИПР веќе аплицираше на повеќе програми со цел да се направи визбилити студии и техничка документација за изградба на стационар. Самата визибилити студија ќе го даде одговорот каде ќе биде локацијата на стационарот. По обезбедување на сртедствата за изработка на оваа техничка документација, ќе знаеме понатаму во текот на настаните каде ќе биде локацијата. Процентата вредност на концептѕот за визбилити студиите и техничка документација е пет милиони денари. Се надевам, во текот на овие месеци ќе добидеме извор на финансирање за до крајот на годината добиеме договр за оператор кој што ќе почне да работи на документацијата. Откако ќе добиеме договор, ќе биде готова во текот на наредната година, за потоа понатаму да имаме правец и да обезбедиме извор и за финансирање и за изградбата на стационарот.“, вели Здравков

Со цел заштита на милениците, денеска во Штип исто така беше презентирана новата стратегија за справување со популацијата на бездомни и сопственички кучиња, во која учествуваат повеќе државни институции и организации. Од АХВ велат дека прво ќе се прави анализа и мапирање на состојбата на терен, по што ќе се изработат насоки и мерки за секој регион поединечно.

,,Во оваа нова стратегија за популацијата на бездомните кучиња, но и на сопственичките кучиња вклучени се АХВ, Министерството за локална самоправа, зелс, ветиринарнарната комора, ветиринарниот факултет, министерството за животна редина и здружениајта на заштита на животни. Вклучувањето на овие инстиуции е неопходно за да се реши проблемот и конечно имаме пристап во кој што почетокт оваа работна група ќе направи мапирање или поточно анализа. Ние одиме по терен, денеска сме во ИПР, од кој што присутните и локалната самоуправа ќе добијат насоки како да ги изработат овие податоци, врз кои ќе се направи детална анализа, како и стратегија за тој регион, затоа што секој регион си е. Во сите регионо можам да кажам дека еден генерален проблем е неодговрното сопствеништво, за жал свеста кај сопствениците кои чуваат миленици е многу ниска и секојдневно се соочуваме со напуштање на миленици, најмалу по 10 кучиња дневно. Новиот закон предвидува драконски казни за напуштање миленции, мачење и сл.

За актулетниот пробле, професорот на ветиранрниот факултет Скопје, кој денеска присуствуваше на настанот во Штип, кажа дека е важно да се смени најпрво перцепцијата во нашето опшѓтество.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека преку новата стратегија прво ќе се направи анализа и мапирање на состојбата со бездомните и сопственичките кучиња на терен. Потоа, врз основа на добиените податоци, ќе се изработат конкретни насоки и мерки за секој регион поединечно.

━ повеќе содржини

Кога рамните стапала се причина за загриженост?

Повеќето луѓе не размислуваат за своите стапала сè додека не почувствуваат болка или непријатност, но лакот на стапалото игра важна улога во држењето на...

Штипјанецот Дамјан Давков „растура“ на математичките олимпијади – веќе е меѓу најуспешните наши математичари

Според официјалниот веб-сајт на Меѓународната математичка олимпијада, штипјанецот Дамјан има освоено три сребрени и два златни медали изминатите шест години. Последно нашиот математичар издоминира...

Српски платен убиец „падна“ во Македонија: Подготвувал ликвидација и расчистување на нарко-долгови

Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за...

ФК Брегалница на чекор од прва лига – против Шкендија бод вреден како победа!

На одиграниот дуел помеѓу екипите на Брегалница и Шкендија од Арачиново, вчера во Штип актерите ги поделија бодовите. Мечот заврши 1:1, а изобилуваше со...

Вдовицата на Коби Брајант е во тајна врска со негов колега?!

Ванеса Брајант повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми и социјалните мрежи, откако интернетот беше преплавен со шпекулации за нејзина наводна...
spot_img