11.7 C
Shtip
spot_img

Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамолу, кој беше приведен под обвинение за корупција и поврзаност со терористички организации. Турските власти воведоа строги безбедносни мерки, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Протестите, кои се одржуваат и покрај официјалната забрана за јавни собири, добија масовна поддршка од опозициските партии, синдикати и граѓански организации.

Во Анкара, стотици демонстранти се собраа пред седиштето на опозициската Народна републиканска партија (НРП), извикувајќи слогани против владата. Според министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, досега се уапсени 97 лица.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган жестоко реагираше, нарекувајќи ги протестите „уличен терор“ и обвинувајќи ја опозицијата за поттикнување немири. „Како што претходно не сме се поклониле на уличниот терор, така и сега нема да попуштиме пред вандализмот“, порача Ердоган.

━ повеќе содржини

Град предизвика застој на автопатот Скопје-Штип, оштетени возила

Обилниот град по 19 часот го отежна сообраќајот на автопатот Скопје-Штип и предизвика оштетувања на некои возила.

ОК “Штип УГД” денес со стил сака да го заврши регуларниот дел од првенството

Денеска, за штипските одбојкари ќе заврши првиот дел од првенството. Од 19:00 часот во СЦ "Јордан Мијалков", одбојкарскиот клуб Штип УГД ја пречекува екипата...

Откриени тажни детали за состојбата на легендарниот Михаел Шумахер

Феликс Горнер, новинарот на германскиот „РТЛ“ и еден од најдобрите познавачи на состојбата на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, сподели најнови информации...

Мерлин “тежи” повеќе од 100 милиони евра

Дино Мерлин, вреди дури 100 милиони долари, објави порталот Celebrity Net Worth. Оваа бројка значително го надминува богатството на другите регионални ѕвезди, како што...

Пејачката Марија Микиќ: Дискотеката „Пулс“ внатре изгледаше како вселенски брод, а однадвор…

Српската пејачка Марија Микиќ за тамошните медиуми рече дека во дискотеката „Пулс“ каде настапувала неколку пати имало убава атмосфера и никогаш замислувајќи дека таму...
spot_img