11.4 C
Shtip
spot_img

Три стратешки проекти за Штип: Кежовица, брана Отиња и нови инвестиции во водовод и канализација

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска при посета на Општина Штип истакна дека во тек е реализација на три значајни проекти кои ќе го променат развојот на регионот.

– Во завршна фаза е изработката на Детален урбанистички план за бањата Кежовица, која ќе овозможи развој на бањскиот туризам и изградба на викенд населба – изјави Николоски.

Тој додаде дека се инвестираат дополнителни 70 милиони денари за водоводна и канализациона инфраструктура, а наскоро ќе следува и нова слична интервенција.

Третиот проект е изградбата на браната Отиња, за која се обезбедени 145 милиони денари. Очекувањата се таа да биде завршена до крајот на 2026, со можност веќе летото 2027 година да се искористи и како туристичка атракција и за наводнување.

━ повеќе содржини

ГО САКА НИС ПЕТРОЛ, ГО БРКА ЛУКОИЛ: Унгарски Мол заинтересиран за купување на двете компании

МОЛ Групацијата од Унгарија изразила интерес за купување на меѓународните средства на санкционираниот руски нафтен гигант Лукоил на американските претставници, објави Б92, повикувајќи се на три добро...

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД OПШТИНА ШТИП ЗА ПРИОРИТЕТИ НА ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНА ШТИП ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ RELOAD 3

Општина Штип Ве поканува да присуствувате на јавна дебата за дефинирање на приоритети за јавен повик за граѓански организации кој ќе биде објавен на...

Одбојкарско дерби утре (сабота) во Штип!

Дуелот помеѓу шампионот и вицешампионот и освојувачот и финалистот во купот ланската сезона привлекува огромно медиумско внимание. Викендов, празник на одбојката во Штип, се...

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/26

Осумнаесетта година по ред, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“...

CNN: Македонија – земја на југот од Европа, со највуксна храна и вино

„Си-ен-ен травел“ објави сторија за природните убавини на Македонија, мапирајќи ја нашата земја како туристичка дестинација што вреди да се посети. Во продолжение прочитајте...
spot_img