33.1 C
Shtip
spot_img

Село Љуботен на големо се спрема за претстојниот голем празник Св.Петка!

Наближува летна Света Петка, а селото Љуботен ги прави последните подготовки за еден од најголемите духовни празници во годината. И годинава, манастирот на Светата преподобна маченичка Параскева ќе ги отвори своите порти за илјадници верници кои ќе дојдат на молитва и поклонение. Прославата започнува на 7 август културно-уметничка програма, а централното чествување е на 8 август со света божествена литургија. Традиционално ќе бидат подготвени посно гравче во петок и манастирска јанија во сабота, а празничната атмосфера ќе биде збогатена со песна и големо оро. За посетителите од Штип е обезбеден и бесплатен автобуски превоз до манастирот и назад.

“Славата започнува на 7 август, после пладне, некаде околу 17 часот, со богата музичка програма, деца од КУД Конче. Продолжува наредниот ден, главната слава е на 8 август, започнвуајчи со литургија во 7 часот, па се до 4 часот псоел пладне. На 8 август ќе има обезбедено и од Општина Штип превоз, автобус, за сите оние кои што нема да можат да дојдат со своите возила, почнувајки од 7:15 oд населбата Баби, па се до останатите станици што се низ градот и некаде до Љуботен. Враќањето ќе биде околу 3 часот после пладне, кога ќе заврше славата, истиот автобус ги враќа назад.“, вели Митков

Чествувањето на летна Света Петка во селото Љуботен има повеќедецениска традиција и внимателно се негува од месното население и црковниот одбор

“Годинава ќе готвиме на 7 август, пошто е петок посно гравче, а утредента на 8 август, ќе имам јанија со јагнешко. Пред тоа старите наши покојни дедовци ја имаа почнато црквата, но од 1966 година псотојано се прославува 8 август во селото. Црквата е селска, имаем си и црковен одбор, јас сум еден од членовите, имаме двр цркви Света Петка и Свети Јован опсечен. Сите верници да повелат.“, додава Митков

Светата преподобна маченичка Параскева, меѓу народот позната како Света Петка, е светителка кон која со посебна љубов и вера се обраќаат генерации верници. Низ цела Македонија има свети места и извори посветени на неа, каде што луѓето доаѓаат да се помолат, да се измијат со светата вода и да побараат нејзина закрила. Вербата во нејзината помош и денес ги носи луѓето кон светите места, каде што наоѓаат утеха, надеж и духовно смирение

━ повеќе содржини

После 30 години од смртта на Tupac, ново судско рочиште за утврдување на вина

Во пресрет на судењето на Дуан Кеф Д. Дејвис, закажано за 10 август, деталите за пукањето во Лас Вегас во 1996 година, во кое...

Се снима “Мравки” – нов Македонски игран филм!

Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на...

Штипските Соколи годинава ќе “летаат” во Супер лигата?

Низа перипетии и нејаснотии ја тресат Македонската кошаркарска федерација деновиве. Имено, после истекување на рокот за подмирување на долговите и уплата на аконтација за...

Пијте многу вода, не излегувајте од 11 до 17 часот, носете лесна облека!

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, бидејќи, според најавите, топлотниот бран ќе трае најмалку...

Во сабота во Штип: Прволигашки фудбал под рефлектори!

ФК Брегалница сезонава својот прв домашен натпревар во првата Македонска фудбалска лига ќе го одигра во вечерен термин, под рефлектори. Натпреварот е закажан во...
spot_img