28.5 C
Shtip
spot_img

Штипските Соколи годинава ќе “летаат” во Супер лигата?

Низа перипетии и нејаснотии ја тресат Македонската кошаркарска федерација деновиве. Имено, после истекување на рокот за подмирување на долговите и уплата на аконтација за учество во најсилната Македонска кошаркарска Супер лига, екипите на Чаир, ТФТ и Маџари останаа со “кратки ракави”. Но, по продолжениот рок, тимовите од Тафталиџе и Маџари го платија својот долг, додека екипата на КК Чаир и дефинитивно годинава нема да биде дел од Супер лигата, бидејки и по продолжениот рок тие не ги “израмнија” сметките кон КФМ. Еве го во прилог целото соопштение од КФМ:

„Во согласност со одредбите од Правилникот за лиценцирање и останатите важечки прописи на Кошаркарската федерација на Македонија, Федерацијата ќе отвори рок за пријавување на заинтересирани клубови во периодот од 10 до 20 август 2026 година.

Во наведениот рок, право на поднесување пријава има секој клуб кој смета дека ги исполнува сите услови предвидени со правилниците на Федерацијата за учество во највисокиот ранг на натпреварување, вклучително и организациските, инфраструктурните, финансиските и сите останати критериуми утврдени со прописите.

Воедно, ја информираме спортската јавност дека, согласно важечките правилници на Кошаркарската федерација на Македонија, фактот што еден клуб не ги исполнил условите за лиценцирање не создава автоматско право за промоција на следнопласираните клубови од Првата лига. Тоа е така бидејќи првопласираниот клуб од Првата лига, кој според спортскиот резултат стекнал право на настап во Супер лигата, не се откажува од тоа право и ќе биде дел од највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027.

Поради тоа, доколку некој од останатите клубови од Првата лига сака да конкурира за учество во Супер лигата, покрај исполнувањето на сите останати услови пропишани со правилниците на Федерацијата, ќе треба да ја прифати и обврската за уплата на лиценца во соодветен претходно утврден износ, согласно важечките прописи.

По истекот на рокот за пријавување, Комисијата за лиценцирање ќе изврши проверка на исполнетоста на сите услови од страна на пријавените клубови, по што Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија ќе донесе конечна одлука согласно важечките прописи.”

Затоа, неочекувано се отворa место некоја екипа од Првата лига (втора по ранг во Македонија) по административен пат да го пополни испразнетото место. Во штипските кулоари, а и во пошироката кошаркарска јавност, на големо се зборува дека екипата на КК Соколи 1933 е најсериозниот кандидат за тоа место. Покрај ова, веќе се шпекулира за тренерското место, а како најсериозен кандидат се споменува името на Марјан Србиноски, докажан тренер, кој ја предводеше и нашата национална селекција. Освен “Марче”, како дел од потенцијалниот суперлигашки ростер се споменуваат имињата на Марјан Јанески, Александар Костовски и Ивица Димчевски, тројца ветерани и легенди на македонската кошарка. На местото на спортски директор би требало да биде Тодор Гечевски. Округло гледано, доколку сето ова се обвистини, Штип ќе биде кошаркарски центар на Истокот, а имињата на кошаркарските легенди во клубот можат да се рангираат само со нај-нај епитети.

Останува да ја пратиме ситуацијата и да видиме колку од сево ова ќе биде точно.

━ повеќе содржини

Се снима “Мравки” – нов Македонски игран филм!

Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на...

Село Љуботен на големо се спрема за претстојниот голем празник Св.Петка!

Наближува летна Света Петка, а селото Љуботен ги прави последните подготовки за еден од најголемите духовни празници во годината. И годинава, манастирот на Светата...

Пијте многу вода, не излегувајте од 11 до 17 часот, носете лесна облека!

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, бидејќи, според најавите, топлотниот бран ќе трае најмалку...

Во сабота во Штип: Прволигашки фудбал под рефлектори!

ФК Брегалница сезонава својот прв домашен натпревар во првата Македонска фудбалска лига ќе го одигра во вечерен термин, под рефлектори. Натпреварот е закажан во...

Директорот на КБ Штип вети одговорност ако се докаже докторска грешка, ДСЗИ од денес со вонреден надзор

"Во врска со информациите и коментарите кои се појавија на социјалните мрежи во однос на пациентка која по извршен царски рез развила невролошки симптоми,...
spot_img