23 C
Shtip
spot_img

Се отвора првиот ресторан во светот со готвач со вештачка интелигенција

Луѓето готват, но AI одлучува

Иако храната ќе ја приготвуваат професионални готвачи, сè друго – од менито, амбиентот до начинот на услуга – ќе биде обликувано со помош на кулинарски модел развиен од вештачка интелигенција по име Chef Aiman.

Името „Aiman“ претставува комбинација од „AI“ (вештачка интелигенција) и „man“ (човек), а овој дигитален готвач е создаден врз основа на децении истражувања во областа на науката за храна, молекуларна структура на состојките и анализа на над илјада рецепти од различни светски кујни.

Еден од основачите на „WOOHOO“, Ахмет Ојтун Чакир, објаснува дека Chef Aiman е замислен како дигитален соработник кој им помага на готвачите да размислуваат надвор од рамките на традиционалното.

Готви со податоци, но инспирира вкус

Иако не може да мириса, вкуси или физички да готви, Chef Aiman анализира и „разложува“ јадења на основни елементи – текстура, киселост, соленост – и создава нови, неочекувани комбинации на вкусови. Овие предлози потоа ги тестираат и усовршуваат вистински готвачи, меѓу кои е и познатиот дубајски шеф Рајф Отман, кој го води креативниот тим.

Отман вели дека податоците што ги добива од AI системот му помагаат подобро да разбере зошто одредени комбинации функционираат – не само на научно ниво, туку и според сензуалното доживување.

Целта не е замена, туку одржливост и креативност

Немаме намера да ги замениме човечките готвачи, туку да ги зајакнеме“, истакнува Чакир, кој е и директор на угостителската компанија Gastronaut. Chef Aiman, додава тој, е осмислен да креира рецепти кои вклучуваат состојки што често се фрлаат – како остатоци од месо или маснотии – со што директно придонесува за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста во гастрономијата.

Во долгорочните планови стои идејата Chef Aiman да стане лиценциран систем кој ќе можат да го користат ресторани ширум светот – од ексклузивни „fine dining“ места до мали локални бистроа. Така, ќе се унапредат и креативноста и еколошката свест во кулинарскиот сектор на глобално ниво.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img