35.9 C
Shtip
spot_img

РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата

Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнува новата превентивно-едукативна кампања за „Унапредување на работата на станиците за технички преглед и подигнување на свеста за важноста на техничката исправност на возилата“, со цел системско подигнување на свеста за значењето од редовна проверка и одржување на моторните возила.

Истражувањата и анализите за причините за случување на сообраќајните незгоди покажуваат дека техничката неисправност на возилата е значаен фактор кој директно влијае на безбедносноста состојба во сообраќајот. Неисправноста на системите за
сопирање, управување, светлосна сигнализација, пневматици и другите системи и уреди создаваат сериозна закана по безбедноста на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот.

Со оваа кампања, РСБСП потсетува дека техничките прегледи не се само законска обврска, туку и морална и општествена одговорност на секој сопственик на возило. Технички исправното возило е клучно за минимизирање на ризикот од незгоди и за подигнување на нивото на сообраќајна култура и дисциплина на патиштата.

Во остварувањето на целта за обезбедување техничка исправност, станиците за технички преглед на возилата имаат исклучително значајна улога. Тие се првата линија на контрола и имаат клучна улога во системот на патната безбедност, каде стручно обучен персонал, со користење на современа опрема, ги проверува сите витални системи на возилото – сопирачки, управување, суспензија, светлосна сигнализација, систем за издувни гасови, пневматици и други механички елементи критични за безбедно учество на возилото во сообраќајот.

РСБСП истовремено апелира до возачите и сопствениците на возила да ја препознаат важноста на редовните проверки на возилата не како формалност или дополнителен трошок, туку како реална мерка за заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Секој од нас има обврска и интерес да управува технички исправно возило, со што ќе допринесе до побезбеден сообраќај.

Во рамките на кампањата ќе бидат реализирани повеќе активности, меѓу кои:
– Едукативни и информативни настани;
– Медиумски содржини со практични совети за безбедно одржување на возилата;
– Соработка со овластените правни лица за вршење на технички преглед (СТП) и авто-сервиси;
– Изработка и дистрибуција на промотивни едукативни материјали насочени кон подигнување на јавната свест за важноста на техничката исправност на возилата.

Затоа:

Редовно проверувајте ја исправноста на вашето возило. Не го ризикувајте сопствениот живот и животите на другите. Техничката исправност на вашето возило е гаранција за безбедно патување и одговорно учество во сообраќајот. Тоа е заедничка грижа за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Проверете. Одржувајте. Возете безбедно! 

━ повеќе содржини

Првиот уписен рок на УГД Штип ќе трае од 19 до 21 август

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце...

Една билка може да помогне против комарците на балконот

Со топлите летни вечери доаѓаат и комарците, кои често го прават непријатен престојот на балконот или во дворот. Цитронелата е едно од природните решенија...

Дејан Митров со ново златно одличје на пеливански турнир!

Дејан Митров со уште едно злато на Меѓународниот Турнир во Пеливанско борење во Пласница. Во Пласница се одржа голем Меѓународен турнир во Пеливанско борење каде...

Официјално: Елвир Мекиќ и Јован Јованов потврдени настапувачи на “Пастрмалијада 2026”

Програмата за годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“ станува сè побогата. Покрај веќе најавениот настап на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, Општина Штип откри уште...

Бугарите ја барале Кавала, ги нуделе Штип и Кочани – Се одбележуваат 113 години од поделбата на Македонија во Букурешт

Пред 113 години, во Букурешт, на денешен ден, потпишан е договорот за поделба на Македонија. Во преговорите, името Македонија не се ни споменува, но...
spot_img