22.3 C
Shtip
spot_img

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации кои измаинатите години придонеле за развој и афирмација на градот добија признанија за нивните заложби. Признинија се доделија во областа на културата, здравството, уметноста, спортот, образованието.

„Ова признание за мене е од големо значење, го вреднува мојот труд и успех во текот на овие годиини особено во изминатава година.“ – велат добитниците.

Признание Осми Ноември доби и КБ Штип, за пожртвуваноста на вработените и посебниот придонес на 16 март кога се случи пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Тогаш за помалку од еден час беа мобилизирани сите одделенија при КБ Штип, а сите вработени беа на работа за да помогнат на пациентите.

„Оваа награда Осмо ноемвриско признание е од големо значење за сите вработени во КБ Штип бидејќи некој ја детектирал пожртвуваноста на вработените што ја дадоа оваа година и посебно за 16 март“ – вели Захариев.

Овој ден преставува потсетник за должноста на Општина Штип да ја чува слободата и традицијата, но и да се надоградува, истакна градоначалникот, Иван Јорданов, во своето обраќање.

„Овој ден не е само историски датум, тоа е потсетник на нашата должност да ја чуваме слободата, да ја надградуваме и да ја оправдаме со дела. Денес нашата борба е поинаква,тоа е борба за подобар живот, за развој и за достоинство.“ – вели Јорданов.

Осмо Ноемвриски признанија се доделуваат секоја година на поединци, институции, здруженија, кои придонеле за развој и афирмација на Штип.

Ова е листата на добитниците:

Петар Мијалков – мотоциклизам

Игор Киров – уметник

Градски хор Астибо

Биг Бенг оркестар

Извиднички одред од Штип

Жикица Ивановски – ултрамаратон

Душица Бреслиева – карате, таеквондо

Даниел Христов и Марио Ванчовски – образование

Ферус Мустафов – постхумно – музика

Димо Узунов – ширење на македонизам

Пане Кукушев – литература

Благој Џоџев – КУД Тоска

Раде Рогожаров – уметност

Клиничка болница Штип

Андреј Гичев, Виктор Спасов, Максим Троицки – хуманизам

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img