15.1 C
Shtip
spot_img

Официјално: Елвир Мекиќ и Јован Јованов потврдени настапувачи на “Пастрмалијада 2026”

Програмата за годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“ станува сè побогата. Покрај веќе најавениот настап на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, Општина Штип откри уште две познати имиња кои ќе бидат дел од големата музичка програма.

На 19 септември, на Градскиот стадион во Штип, заеднички концерт ќе одржат Јован Јованов и Елвир Мекиќ, автори и изведувачи кои оставија препознатлив белег на македонската музичка сцена.

Јованов и Мекиќ повторно ќе застанат заедно на сцената, а штипската публика ќе има можност да ги слушне хитовите што одбележаа еден период од домашната музичка сцена. За настапот во Штип се подготвува и посебна заедничка музичка и сценска програма.

Од Општина Штип најавуваат вечер исполнета со добро познати рефрени, силна музичка енергија и одлична атмосфера.

Со нивното приклучување кон веќе најавените изведувачи, постепено се комплетира музичката програма за „Штипска Пастрмалијада 2026“, која и годинава треба да донесе голем број посетители во градот.

Настапот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ е закажан за 19 септември на Градскиот стадион во Штип.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...
spot_img