Ноќеска Штип беше погоден од силен пожар кој го зафати култниот ресторан „Мал одмор“. Пламени јазици се искачија на кровот, предизвикувајќи голема материјална штета, но, за среќа, нема повредени лица.
На лице место веднаш интервенираше Територијалната противпожарна единица со три противпожарни возила и дванаесет пожарникари, кои, заедно со членовите на локалната навивачка група „Ултра Банда“, се вклучија во гаснењето. Заедничката акција успеа да го стави пожарот под контрола и да спречи негово понатамошно ширење.
Според првичните информации, огнот избил од кровната конструкција поради неисправна електрична инсталација. Причината за пожарот сè уште се потврдува, а надлежните најавуваат дополнителни детали во текот на денот.







