18.3 C
Shtip
spot_img

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: На Лавот се ќе му оди од рака, за Стрелецот одлична недела на љубовен план

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Вашите планови за иднината се прилично нејасни, колегите и соработниците не ве сфаќаат.

ЉУБОВ: За да пронајдете личност за себе неопходно е да се отворите кон новите љубовни приказни.

ЗДРАВЈЕ: Напнати сте, ослабавете се малку.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Сметате дека не напредувате доволно брзо, а во очите на другите напредувате со огромна брзина. Бидете чесни во работењето.

ЉУБОВ: Ќе сакате промена, таа ќе ви биде неопходна доколку сте сами. Оние во брак или врска ќе бидат задоволни.

ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението, пробајте да не се нервирате, исклучете се.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Морате да се организирате што подобро, бидејќи оваа недела ќе имате повеќе работа од вообичаено.

ЉУБОВ: За да ја пронајдете вистинската личност за себе неопходно е да сфатите што сакате.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза и стрес.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Вредни сте и предадени сте и на работата. Потребно е да бидете и малку повнимателни.

ЉУБОВ: Партнерот ви удоволува, можеби дури и повеќе отколку што заслужувате.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со рацете, можни се грчеви во нив.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Во текот на оваа недела се ќе ви оди од рака, па ќе завршите се што сте наумиле.

ЉУБОВ: Слободните можат да очекуваат интересно познанство со некој Рак или Шкорпија.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Одлична недела за воспоставување на нови соработки среќни сте бидеји имате добри соработници.

ЉУБОВ: Доколку сте во врка со Бик можете да очекувате значително напредување во вашата врска.

ЗДРАВЈЕ: Не ги запоставувајте сигналите кои ви ги испраќа телото.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Можно е да ви се наталожат многу неплатени сметки. Време е да се одлободите од сите долгови.

ЉУБОВ: Можни се чести испади на љубомора. Обидете се да се исконтролирате.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со стомакот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Многу напорна недела за вас. За да ги завршите задачите ќе морате да отанете прекувремено.

ЉУБОВ: Можни се судири со партнерот, никако да се договорите за некои клучни нешта.

ЗДРАВЈЕ: Можна болка во увото.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Трошите повеќе енергија отколку што заработувате. Време е да се позанимавате со вашите финансии.

ЉУБОВ: Вашиот љубовен живот се движи во вистинската насока. Продолжете така.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Чекате еден важен деловен состанок кој ќе ви го промени животот во најдобра смисла.

ЉУБОВ: Сакате голема љубов, стабилна врска со личност која е креативна. Оваа недела е поволна за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за своето здравје. Утре може да биде доцна.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Не ги одложувајте вашите обврски за наредната недела, бидејќи тоа може скапо да ве чини. Решавајте се постепено.

ЉУБОВ: Внимавајте како се однесувате со партнерот. Можно е сериозно да ви се налути.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе течности во телото.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Сакате сите да ве прифатат и пофалат, но тоа е речиси невозможно. Морате да го прифатите фактот дека не им се допаѓате на сите.

ЉУБОВ: Поминете повеќе време со семејството и саканото лице. Тоа ќе ве наполни со енергија.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img