18.3 C
Shtip
spot_img

Зошто жените живеат подолго од мажите?

Жените живеат подолго од мажите низ целиот свет, но нова студија открива дека еволуцијата, генетиката и разликите меѓу половите кај животните играат клучна улога во оваа долговечност.

Жените ширум светот можат да очекуваат да живеат подолго од мажите – разлика која досега главно се припишуваше на поздрав начин на живот, подобри навики во исхраната и поголемо внимание кон сопственото здравје.

Но нова студија нуди и поинакво објаснување: еволуцијата.

Истражувањето, објавено во списанието Science Advances, покажува дека оваа разлика во животниот век не е единствена за луѓето – кај повеќето видови цицачи, женките живеат подолго од мажјаците, додека кај птиците обично е обратно – мажјаците живеат подолго од женките.

Ова значи дека жените најверојатно ќе продолжат да живеат подолго од мажите, дури и со напредокот во медицината и подобрените услови за живот.

Најсеопфатно истражување досега

Истражувањето опфатило 1.176 видови – од шимпанза и глодари, до лосови и разновидни птици – и тоа и во дивина и во зоолошки градини. Според научниците, ова е најопсежната анализа на ваквата тема досега.

Резултатите покажале дека во 72% од видовите цицачи, женките живееле во просек 12% подолго од мажјаците. Во 68% од видовите птици, мажјаците живееле во просек 5% подолго од женките.

Хромозомите играат улога – но не се сè

Според истражувачите, разликите во половите хромозоми може делумно да ја објаснат оваа појава. Кај цицачите женките имаат два X хромозома, додека мажјаците имаат еден X и еден Y хромозом, што значи дека женките можеби се подобро заштитени од „штетни“ генетски мутации.

Кај птиците е обратно: ѓенките имаат две различни хромозоми (Z и W), а мажјаците имаат две исти (ZZ), што им дава предност во преживувањето.

Но не сè се сведува на хромозомите. Водечката авторка на студијата, Јохана Стерк од Институтот Макс Планк во Германија, објаснува:

„Некои видови покажуваат спротивни резултати. На пример, кај многу грабливи птици, женките се и поголеми и подолго живеат од мажјаците. Значи хромозомите се само дел од приказната.“

Разлики кај видовите – и кај луѓето

Истражувањето сугерира дека комбинација од генетски разлики, стратегии на сексуален избор, родителско однесување и околината влијаат врз долговечноста – кај сите видови, вклучувајќи ги и луѓето. Разликата била најмала кај моногамни видови (што имаат еден партнер), а најголема кај видови каде мажјаците имаат повеќе партнерки и изразена разлика во големина.

Дури и во зоолошки градини, каде условите се полесни отколку во природата, разликата во долговечноста останува.

Научниците додаваат дека женската предност е уште поизразена кај шимпанзата и горилите отколку кај луѓето, што укажува дека таа има длабоки корени во еволуцијата.

„Барем кога станува збор за полови разлики во преживувањето, нашата врста не е уникатна“, заклучуваат истражувачите.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img