5 C
Shtip
spot_img

На 21.август Tribute концерт за Тоше Проески по втор пат во Штип

На 21.август во Дом на млади во Штип ќе се одржи концерт на нашата поп икона Тоше Проески. После одличниот концерт ланската година, годинава се спрема второто издание. Еве ја комплетната програма:

🩸Во период од 10:00 до 16:00ч. во Домот на млади ќе реализираме крводарителска акција “Биди хуман како Тоше”. Ја продолжуваме хуманата мисија на Тоше. Секој крводарител ќе добие гратис влезница за концертот и пакет производи од нашите пријатели.
👨‍👩‍👧‍👦 Во 20:00 часот настапуваат ѕвездичките од “Весело Штурче” кои во хор ќе интерпретираат композиции од Тоше.
🎶 Од 21:00 започнува главниот сегмент од ноќта посветена на нашиот Тоше. Со unplugged изведба, концертот го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic. По нив, на сцената настапуваат The Hounds со свој аранжман на неколку песни од Тоше. Потоа настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски…
🎹 No End & Friends ќе бидат бендовска поддршка на изведувачите
👫 Водители: Миро Кацаров и Верица Донев (Backstage)

Влезниците по промотивна цена во претпродажба ќе се продаваат од 05.08.2025 ( повеќе инфо наскоро…)
Концертот има хуманитарен карактер, дел од средствата ќе бидат употребени за реконструкција на улицата Тоше Проески во Крушево.

━ повеќе содржини

Завршено асфалтирањето на новата паркинг површина во населба Сењак

Завршено е асфалтирањето на новата паркинг површина во населбата Сењак, која е наменета за потребите на жителите од околните станбени згради. Со оваа активност...

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат во градот кој за неа има посебно место...

Google Maps го доби своето најголемо ажурирање во последните 10 години: Кои се новитетите?

Google Maps штотуку го доби своето најголемо ажурирање во последните десет години (март 2026 година), а фокусот е речиси целосно на интеграцијата на моделите...

Петок 13-ти: Историјата, митологијата и суеверјата зад најнесреќниот ден

Денот што многумина го сметаат за најнесреќен во календарот, петок 13-ти, има долга историја обвиткана со митови, суеверија и историски настани. Но, дали навистина...

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Лос Анџелес – Сѐ е подготвено за најгламурозната ноќ во Холивуд. 98-то доделување на наградите Оскар, популарно познато како Оскари, наскоро ќе се одржи и...
spot_img